Некогаш беше дерби, а сега нема дилема кој е фаворит – Никогаш немало поголем коефициент за триумф на Вардар (Фото)

Не така одамна, дуелите на Шкупи и Вардар беа во центарот на вниманието како најголеми дерби мечеви. Овојпат, нема да биде така, иако ривалството несомнено уште постои. Шкупи како домаќин на својот стадион во Чаир од лидерската позиција ќе го пречека Вардар, кој пак е во незавидна ситуација и моментално е на последното место на табелата.

Според актуелната ситуација и форма во која се наоѓаат овие два клуба, јасно е дека Шкупи е голем фаворит за освојување на трите бода. Чаирчани сезонава пред своите навивачи имаат пет победи и само едно реми во шест дуели и одлична гол разлика од 11:2.

Традицијата вели дека на последните пет меча на овие два клуба, никогаш немало повеќе од два погодоци. Дури и ако се погледнат последните девет пресметки, дури седум пати било сиромашно со погодоци и не повеќе од два пати се треселе мрежите.

Во вториот меч кој се игра денеска, актуелниот првак Струга ТЛ е домаќин на Шкендија и тука треба да биде многу понеизвесно, а стружани се фаворити дека ќе стигнат до трите бода.

- Оглас -

Најнови вести