Некогаш играа во еврокуповите – На Болтон му требаа 14 меча за да го избрише минусот

Болтон Вондерерс е поранешен премиерлигаш, што ја претставуваше Англија и на европската сцена, а денеска играчите на популарните „скитници“ играат во третото по ранг натпреварување и се радуваа на значајна победа против МК Донс.

Со голот на Дарил Марфи во 90. минута Болтон славеше со 1:0 и конечно по 14 меча во Лига 1 го избриша минусот од 12 бода.

Казната е поради доцнење со регистрацијата за новата сезона, а Болтон се спаси дури и од исчезнување. Клубот имаше многу финансиски проблеми, па дури се соочи и со штрајк на фудбалерите во финишот на ланската сезона.

Интересно е што скитниците имаа и гостување во Македонија, а играа против Работнички во квалификациите за настап во Европа Лигата.

Сега имаат еден бод и ќе се обидат да приредат подвиг и да се спасат од испаѓање во Лига 2.

- Оглас -

Најнови вести