Некогашен стабилен италијански прволигаш, сега се продава за 1 евро!

Италијанскиот клуб Фоџа, кој е некогашен член на Серија А, а сезонава испадна од втората лига, бара нов сопственик. Клубот е на продажба, поранешните сопственици Феделе и Франко Санела објавија дека веќе не се во можност да ја финансираат Фоџа и ја продаваат по симболична цена само од едно евро.

На Фоџа ѝ фалеа два бода за да остане во Серија Б, а вака клубот се пресели во Серија Ц и ќе се мачи со финансирањето.

Од новите сопственици се бара, освен тоа што треба да платат 1 евро, редовно да им исплаќаат плати на играчите и сите вработени за нормално функционирање на клубот, како и редовно да се одржува стадионот. Санела вели дека има заинтересирани, но разговорите уште траат.

- Оглас -

Најнови вести