Некогашен ас на НБА призна дека ја изневерил сопругата со над 300 жени (Видео)

Поранешниот крилен центар на Детроит пистонс, Џејсон Максиел, го шокираше светот во септември 2018 година кога во телевизиско интервју призна дека ја изневерил сопругата и тоа со 341 жена. Ова го кажа додека седеше до жена му Бренди, која не можеше да издржи и си замина среде снимање.

Бренди рече дека знаела дека Џејсон не бил верен, но мислела дека тој ја изневерил „само“ осум пати. Кога дозна дека бројката е далеку поголема, со солзи во очите го напушти студиото.

Но, интересно е што и покрај ова јавно понижување, Бренди и понатаму е во брак со Максиел. Летоска во август прославија десетгодишнина од бракот.

„Пред 10 години, 120 месеци, 522 недели, 3.652 дена, 87.658 часа и 5.259.000 минути се омажив со човекот кој е и мој најдобар пријател. За ништо на светот не би го сменила тоа. Никој не може да ја разбере љубовта што ја имаме еден кон друг“, напиша Бренди, која редовно објавува заеднички фотографии.

Еве како изгледаше признанието на Максиел:

- Оглас -

Најнови вести