Некогашната најдобра тенисерка ќе се омажи за човек кој ја сопрел на улица и побарал да направат селфи

Шпанската тенисерка Гарбине Мугуруза има љубовна приказна која ќе воодушеви многумина. Мугуруза, која пред шест години беше и на врвот на ВТА-листата, ќе се омажи за момчето кое било нејзин голем навивач. Необично било нивното запознавање.

Додека била на гренслем-турнирот во Њујорк во 2021 година, Мугуруза решила да прошета низ улиците на градот, а таму се појавил Артур Боргес. Тој ја сопрел тенисерката ѝ објаснил дека е нејзин голем навивачи и ѝ посакал многу среќа на турнирот. Потоа Боргес сакал да направи и селфи со Мугуруза.

Тенисерката веднаш забележала колку е згоден нејзиниот фан и таа прва средба прераснала во романса, а сега направиле и веридба, што значи дека се чека само свадбата.

„Мојот хотел беше многу блиску до ‘Централ парк’ и бидејќи ми беше досадно, решив да излезам и да прошетам. Додека шетав, се појави тој. Ми посака среќа на Отвореното првенство на САД, а јас веднаш помислив колку е згоден. Ме привлече тоа што не беше од светот на тенисот“, објаснува Мугуруза, која во кариерата има 10 АТП титули, а секако најзначајни ѝ се двете гренслем-трофеи, и тоа на „Ролан Гарос“ во 2016 година и Вимблдон следната година. Шпанската тенисерка има и финале од Отвореното првенство на Австралија во 2020 година, а најголем успех на Отвореното првенство на САД ѝ е пласман во четвртото коло, и тоа во 2021 година, кога и го запозна својот сегашен вереник.

- Оглас -

Најнови вести