Некогашниот европски и англиски првак го доведе 12-тото засилување

Нотингам форест е клуб кој има големо значење во историјата на англискиот фудбал. Тоа е единствениот англиски клуб кој успеал да ја одбрани европската титула откако беше континентален првак во 1979 и 1980 година. Нотингам е и единствениот клуб во Европа кој има повеќе европски од титули во домашното првенство затоа што англиски прваци биле само еднаш, и тоа во 1978 година.

Овој клуб со славно минато цели 23 години чекаше за повторно да заигра во Премиер лигата и во новата сезона ќе биде дел од елитното англиско друштво. Како подготовка за сезоната, Нотингам досега промовираше дури 12-мина нови играчи за кои беа потрошени над 100 милиони евра.

Последното засилување кое го промовираа е играчот за врска Орел Мангала, кој доаѓа од германскиот Штутгарт. За доведување на белгискиот интернационалец, Нотингам плати 15 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести