Феенорд со 3:2 славеше против Дрита на легендарниот стадион „Де Кајп“ во Ротердам и успеа да продолжи со настапите во Конференциската лига. Холандскиот гигант и некогашен европски првак беше на прагот од елиминација против косовскиот противник, но на крајот не дозволи сензација.
Овие две екипи на првиот меч одиграа без голови, а дека тој резултат не бил случаен за Дрита, се потврди и во реваншот. Феенорд со голот на Тил поведе со 1:0 во седмата минута, но само 10 минути подоцна Дрита имаше предност од 2:1.
https://twitter.com/i/status/1420821166235717635
Неочекуваното водство на гостите беше сè до 68-мата минута, кога Тил по вторпат погоди и овојпат израмни на 2:2.
Кога се очекуваше да има продолжение од 30 минути, херојот на Феенорд, Тил постигна хет-трик, а со овој погодок му донесе победа на холандскиот тим од 3:2.