Некогашниот италијански калчолигаш се продава за само едно евро и никој не сака да го купи

Прославениот сицилијански фудбалски клуб Месина, е подготвен да започне нов почеток. Клубот кој некогаш беше дел од Серија А, се продава за само едно евро.

Месина во изминатве две децении одеше од очај до сјај и обратно. Во сезоната 2004/05 тоа беше клубот кој беше најпријатно изненадување во Серија А. Иако се очекуваше Месина да испадне од елитата, тимот одигра фантастична сезона и заврши на седмото место на табелата. Следната сезона едвај се спаси да не испадне, но во 2007 година немаше спас и испадна од Серија А.

Сега, клубот е на продажба и тоа за само едно евро, но засега уште нема ниедна официјална понуда.

„Засега уште нема стигнато ниту една официјална понуда, иако имаше неколку телефонски повици. Сакам моето време во клубот да го завршам со симболично едно евро. рокот е до 12 јуни. Ако до тогаш не се пријави никој, ќе мора да донесам тешка одлука“, вели претседателот на Месина, Пјетро Скиоти.

- Оглас -

Најнови вести