Некогашниот италијански селектор веќе не е тренер на Фиорентина

Чезаре Прандели се повлече од тренерската позиција во Фиорентина. Виолетовите се на 14-то место во италијанската Серија А, па после 28 кола, некогашниот италијански селектор се раздели со клубот. Со клубот кој како домаќин игра на „Артемио Франки“, Прандели имаше само три победи во последните 11 кола.

До крајот на сезонава, екипата од Фиренца ќе ја води Џузепе Јакини, кој беше тренер на популарната Виола во минатата сезона, а во ноември 2020 беше заменет со Прандели. Престојот на 63-годишниот стручњак траеше само нешто повеќе од четири месеци, а сега Јакини има задача да го спаси тимот од испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести