Некогашниот капитен на младата репрезентација на Македонија ја заврши играчката кариера

Искусниот дефанзивец Владимир Димитровски, кој голем дел од кариерата помина на меѓународно ниво, објави дека ја завршува. Популарниот Дади ги стави „копачките на клин“ на 34 години, а главна причина за ваквата одлука е повредата која ја имаше во последните неколку месеци.

„Не можев да замислам дека на 34 години ќе морам да го напишам ова, но со тешко срце, поради повредата на грбот, одлучив да ја завршам професионалната играчка кариера. Ова беше едно незаборавно патување, со многу среќни моменти, но и разочарувања. На крајот, горд сум што во ниту еден момент не се откажав. Сакам да им се заблагодарам на сите клубови во коишто играв, на сите тренери кои беа дел од мојата кариера, на сите агенти со кои соработував, на навивачите и сите оние кои беа дел од мојата кариера. На крајот, најголемо благодарам на мојата фамилија, која секогаш е моја најголема поддршка“, е пораката на Димитровски.

Како младинец, кариерата ја започна во Вардар, а потоа беше и капитен на младата репрезентација на Македонија. Како тинејџер замина во Белгија во екипата на Вестерло, а во странство има играно и за Сесвете, Млада Болеслав, Керкира, Карабах, Докса Драма, Телави и Гриндавик во Исланд. Во Македонија ги носеше дресовите на Вардар, Цементарница, Металург и Работнички, а беше дел и од сениорската репрезентација на Македонија.

Завршувањето на играчката кариера не значи збогум на со фудбалот затоа што Димитровски веќе продолжи во тренерските води во Грција.

- Оглас -

Најнови вести