Некогашниот плејмејкер на Никс донираше 10 милиони маски за жителите на Њујорк

Поранешната ѕвезда на Њујорк никс, Стевон Марбури, донираше 10 милиони заштитни маски за жителите на Њујорк. Познат како учесник во бројни хуманитарни акции, Марбури одлучи да им излезе во пресрет на луѓето кои живеат во Големото Јаболко откако предградието Бруклин се покажа како епицентар на ширењето на вирусот Ковид-19 во САД.

Своевремено беше меѓу најдобрите плејмејкери во НБА-лигата, а сега на ваков начин се оддолжи за поддршката која ја имаше во периодот кога ги бранеше боите на Никс.

„Ова е новиот нормален начин на живот. Мора што побрзо да се адаптираме на околностите. Многу е важно да носиме заштитни маски бидејќи се соочуваме со тивок убиец, кој нема срце, нема милост и сите сме во опасност. Мора да останеме во своите домови додека не се најде побезбедно решение. Позитивната енергија, насмевките, молитвата и медитацијата се дел од работите со кои можеме да го надминеме овој период“, истакна Марбури.

Сега веќе пензионираниот кошаркар, кој работи како тренер во Кина, до 2009 година беше активен во НБА-лигата. На драфтот во 1996 година беше четврти пик на Милвоки бакс, играше за Минесота, Њу Џерси, Феникс и Бостон, но најголемиот дел од кариерата го помина во редовите на Нујорк никс.

- Оглас -

Најнови вести