Некогашниот селектор на Србија и Црна Гора е на респиратор, се бори за живот

Легендата на некогашниот југословенски фудбал Илија Петковиќ веќе неколку дена е во критична состојба во болницата во Белград и се бори за живот. Петковиќ, кој има 74 години, бил примен во болница откако му пукнало дванаесетпалачното црево и загубил многу крв.

По доведувањето во болница, по протокол морало да му се направи тест за корона-вирус, а подоцна било утврдено дека Петковиќ бил позитивен на опасниот вирус. Веднаш потоа бил пренесен во специјалната болница каде што се заразените од корона-вирусот.

Според белградските медиуми, ситуацијата на Петковиќ во последните неколку часа драстично му се влошила и морало да биде приклучен на респиратор.

 

- Оглас -

Најнови вести