Некогашниот сограч на Алиоски со години се „криеше“ поради мааната за која што го исмевале (ВИДЕО)

Лук Ејлинг важи за еден од најискусните фудбалери во Лидс, но и покрај тоа што долги години игра за англискиот великан, тој никогаш нема давано изјави пред медиумите.

Причината за ваквата одлука на некогашниот соиграч на Езџан Алиоски е тоа што тој има говорна маана, односно пелтачење и поради премногу негативни коментари од минатото, има страв од такво нешто и од тоа да биде под потсмев на јавноста.

Тој, реши да си ја „отвори“ душата и да каже и дека веќе не го интересира што мислат другите за него.

„Кога дојдов во Лидс многу увидоа дека не сакам да давам интервјуа и дека се чувствувам непријатно. Главниот проблем е што пелтачам и тоа ме правеше да се чувствувам несигурно во себе, но и да добивам голем број на негативни коментари и не можев да го изговорам тоа што го сакав.

Како помал се срамев и да зборувам, бидејќи не сакав луѓето тоа да го приметат, но сега и да давам интервју, едноставно не се грижам повеќе за тоа што ќе кажат за мене“ изјави Ејлинг.

Тој во Лидс е од 2016 година кога пристигна од екипата на Бристол, а за некогашниот англиски првак одигра 203 натпревари и постигна осум погодоци.

 

- Оглас -

Најнови вести