Некогашните вардарци со специјални „воени“ копачки против Македонија (Фото)

Поранешните фудбалери на скопскиот Вардар, Ерменците Хофханес Хамбарѕумјан и Тигран Барсегјан, се максимално мотивирани пред дуелот со Македонија в среда на Кипар, натпревар кој ќе одлучи која репрезентација ќе напредува во Сегментот Б од Лигата на нациите.

Хоф и Барсего се пофалија дека на мечот со Македонија ќе играат со специјални копачки на кои има слики од војници, со што им даваат поддршка на ерменските сили кои се бореа против Азербејџан во областа Нагорно Карабах.

По победата над Грузија, пораснаа амбициите на Ерменците и на нашиот тим кој ќе биде драстично ослабен, нема да му биде лесно да остане непоразен. Победа или реми ја носи Македонија во Лига Б, каде што ќе играме со посилни противници од досегашните, а пораз ќе значи пласман на Ерменија во Лига Б.

- Оглас -

Најнови вести