Некои сега избегнуваат да го играат, но Ливерпул ќе продолжи да победува

Брајтон – Ливерпул (21:15 ч.)

Ливерпул ја освои титулата, но факт е дека екипата на Јирген Клоп сака да продолжи да победува за да ги стигне и неколкуте рекорди на Манчестер сити кога се работи за бројот на освоени бодови и триумфи во една сезона. Брајтон е тим кој е речиси спасен од испаѓање, но и клуб кој во дуелите против Ливерпул има само порази.

Во последниве 10 години овие две екипи играле седум пати и во сите седум меча победил Ливерпул, па и овојпат гигантот е голем фаворит.

Предлог тип: 2&3+ (2.40)

 

Аталанта – Сампдорија (21:45 ч.)

Аталанта е тимот со најдобра низа во италијанскиот фудбал. Тимот од Бергамо има осум победи по ред во Серија А и само потврдува дека оваа фантастична сезона не е случајна. Нападот е најголемиот адут на Аталанта, тим кој со 83 дадени гола во 30 меча е убедливо најефикасна во лигата.

Сампдорија има слаба одбрана и прима речиси по два погодоци на меч, па јасно е дека домаќините се големи фаворити во меч на кој се очекуваат повеќе погодоци.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.30)

 

Барселона – Еспањол (22 ч.)

Еспањол нема шанси да се спаси од испаѓање, а Барселона е со минимални шанси да се надева дека може да стигне до титулата. Се знае дека Барселона е „газда“ во Каталонија, па нема дилеми дека Меси и друштвото ќе победат.

Во една ситуација кога се знае дека трите бода ќе бидат за Барселона, а ова е меч на кој се очекуваат погодоци, речиси сигурен тип е да се прогнозира дека ќе има погодоци во двете полувремиња.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.73)

 

Шефилд јунајтед – Вулверхемптон (19 ч.)

Ова е можеби и дербито на денот во Премиер лигата. Двете екипи кои се најпријатно изненадување во англиското првенство се борат за излез во Европа. Вулверхемптон има уште шанси за местото кое води во Лигата на шампионите, но со евентуален пораз вечерва, може да го загрози и местото кое му гарантира место во Лигата на Европа.

Шефилд на свој терен има осум победи во 16 средби, но и Волците се одлични на гости, па сигурно ќе биде голема борба за бодовите. Дуелот во првиот дел од сезоната заврши 1:1, па ништо чудно да има реприза на тој резултат.

Предлог тип: 1Х&2-4 (3.10)

 

Трабзонспор – Анталијаспор (17:30 ч.)

Домаќините се во трка за титулата и со евентуална победа, ќе дојдат на два бода зад лидерот Башакшехир. Анталијаспор ќе биде без првиот адут, македонскиот интернационалец Едис Јаховиќ, кој нема да игра поради парни жолти картони.

Трабзон е доминантен на свој терен и во 15 дуели има само два порази, а Анталија само со пет порази во 15 гостувања покажува дека знае да откине бодови на сечиј терен.

Традицијата вели дека Трабзон има пет победи и едно реми во последните шест меѓусебни дуели и сигурно победа на домаќините е прва опција за овој меч.

Предлог тип: 1 (1.39)

 

- Оглас -

Најнови вести