Неколку дербија во фокусот на новото коло на Спортска прогноза

Новото, 21-во коло на бесплатната Спортска Прогноза, нуди можност за добивање „ајфон 11“ или ваучери од Sport Life, а за да успеете, треба да погодите 13 за премијата, или 12, односно 11 за вредносните ваучери. Типувањето за новото коло е отворено и трае до сабота, до 16 часот.

Колото стартува в сабота со мечевите Кристал палас – Вулверхемптон и Вест Бромич – Фулам, кои се играат од 16 часот, а потоа се двете дербија Арсенал – Манчестер јунајтед и Лајпциг – Баер Леверкузен од 18:30. Саботните мечеви од основната понуда завршуваат со пресметките Марсеј – Рен и Вилјареал – Реал Сосиедад од 21 часот.

Недела е ден кога се играат преостанатите мечеви од Среќна 13-ка. Тоа се Специја – Удинезе од 12.30 часот, па Ница – Сент Етјен од 13, холандското дерби Феенорд – ПСВ од 14.30, Кротоне од 15 ја пречекува Џенова на Горан Пандев, а во истиот термин е и дербито Аталанта – Лацио. Треба да ги погодите исходите и на дуелот Келн – Арминија Билефелд и како за крај, Вест хем – Ливерпул. Црвените се во резултатска криза и ќе треба да погодите дали конечно ќе победат или ќе продолжат да се мачат во битката за одбрана на титулата во Англија.

Резервни парови се: Саутхемптон – Астон вила и Калјари – Сасуоло. Тие ви требаат за напредок во Генералниот пласман.

Претходното коло не беше успешно за прогнозерите, имаше изненадувања, па затоа само осуммина имаа деветки (немаше ниту еден играч со двоцифрен број погодоци од 13-те меч во понудата), како најдобри меѓу оние над 2.000 учесници. 

Новото коло е шанса за поправен, играта е бесплатна, само треба да сте член на Sport Life клубот за да учествувате. Вреди да се обидете да прогнозирате.

- Оглас -

Најнови вести