Неколку изненадувања во листата на Реал за мечот со Севилја

Реал Мадрид на утрешниот дерби меч од шпанското првенство против Севилја, ќе настапи без Герет Бејл и Серхио Рамос, за кои се мислеше дека ги надминале проблемите и дека ќе се најдат на листата на Зинедин Зидан. Ќе отсуствуваат и повредените Еден Азар, Хамес Родригес и Марко Асенсио, како и суспендираниот Федерико Валверде, а добра вест за Реал е враќањето на првиот стрелец Карим Бензема, кој го пропушти Суперкупот.

Рамос се повреди во финалето на Суперкупот против Атлетико, но го доигра мечот и го погоди последниот удар од белата точка во пенал серијата. Рамос се врати на тренинзите, но Зидан не сака играчи кои не се 100 проценти подготвени. Бејл го немаше на Суперкупот поради проблеми со дишењето, но иако е здрав и тренира нормално, нема да игра против Севилја.

- Оглас -

Најнови вести