Неколку нагазни мини во ова коло ги оставија играчите на Спортската прогноза без добивки

Изминатиов викенд се играше 12-тото коло од Спортската прогноза. Во оваа рунда, за разлика од претходно, имаше неколку нагазни мини кои ги оставија играчите без добивка, а, пред сè, се мисли на Лион и Тотенхем.

Дури 11-мина играчи имаа по девет погодени натпревари, а јасно, тоа е недоволно да се добие некој од подароците од Sport Life.

Во Франција, Лион гостуваше кај Рен и загуби навистина убедливо со 4:1 и ги разочара повеќе од 70 проценти од играчите коишто предвидуваа сосема спротивен резултат, во корист на Лион.

Малку слично беше и во Англија, каде што голем број веруваа во победа на Тотенхем над Евертон, очигледно поведени од фактот дека гостите го доведоа Антонио Конте за нов тренер, но резултатот остана на непопуларни 0:0.

Прекрасниот „ајфон 12“ сè уште го чека својот освојувач, а за тоа ќе биде потребно да се погодат сите понудени натпревари од Спортската прогноза. Минатото коло само еден натпревар го делеше играчот од добивање, но, за жал, не успеа да го освои.

Во Генералниот пласман, Богољуб Ј. е во водство со 98 поени, пред Борис С. со 97, додека, пак, на третото место е Христијан Т. исто така со 97 освоени бодови.

За потсетување, најдобриот играч во четвртата сезона на Спортска прогноза ќе добие смарт ТВ од 48 инчи, второпласираниот ќе добие 500 илјади поени во СЛ маркет, третиопласираниот 400 илјади, четвртопласираниот 300 илјади и петтопласираниот 200 илјади поени во СЛ маркетот.

Предизвикот е голем, играта е бесплатна и забавна, а наградите одлични, па можете да се вклучите само со еден услов, да имате СЛ картичка од Sport Life. И тоа не е проблем бидејќи картичката е бесплатна и брзо може да ја добиете на сите уплатни места на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести