Нелсон Дида се врати во Милан

Легендата на Милан и долгогодишен чувар на мрежата на „Сан Сиро“, Нелсон Дида, се врати во клубот и ќе биде тренер на голманите во младинските категории. Бразилецот ќе помага во усовршување на младите голмани до 17 и 18 години, а ова ќе му биде прва тренерска работа откако стави крај на професионалната кариера во 2015 година.

Четириесет и петгодишниот Дида своевремено беше миленик на навивачите на Милан. Со Росонерите оствари огромен успех во деценискиот престој во Милано. За седумкратниот европски првак запиша вкупно 302 настапи во кои 132 меча сочува празна мрежа, додека освои две титули во Лигата на шампионите, и по една титула во Серија А, италијанскиот Куп и Суперкуп. Во 2005 година беше избран за најдобар голман во светот и Европа.

 

 

- Оглас -

Најнови вести