По една недела пауза поради репрезентативните дуели, викендов повторно ќе има возбудувања на клупски план во најсилните лиги во Европа. Вкупно 13 пара се дел од понудата, и тоа од првенствата на Шпанија, Италија, Франција и Германија.
Во Италија се играат два дерби-дуела, а секако најпривлечно е градското дерби меѓу Интер и Милан. На овој меч поголеми шанси се даваат за триумф на Интер, а помалку од 20 отсто очекуваат Росонерите кои овојпат се во улога на гости да ги освојат трите бода.
Јувентус е апсолутен фаворит против Лацио и над 80 отсто очекуваат Старата дама да се радува. Во Шпанија дербито ќе биде во Валенсија, каде што гостува Атлетико Мадрид, а речиси 80 отсто од прогнозерите очекуваат „двојка“.
Како во секое коло, главната мисија е да се погодат 13 фиксови кои ќе ви донесат Среќна 13-ка и можност да одберете еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). Со 12 погодени фиксови се добива ваучер од Sport Life во вредност од 1.000 денари, а за 11 погодени натпревари се добива ваучер од 500 денари.