Нема да ви се верува дека е тој, Конор Мекгрегор со драстична промена на имиџот (Фото)

Популарниот ирски борец Конор Мекгрегор комплетно го смени својот изглед, барем во делот на главата. Некогашниот шампион во ултимејт фајт веќе нема долга коса и долга брада, па стана непрепознатлив.

Пред некој ден, Конор покажа дека многу кратко ја потстрижил косата, а и брадата не му беше толку долга како порано. Но, тоа беше само чекор кон она што следуваше.

На еден од последните тренинзи Мекгрегор објави своја фотографија на која ја има избричено и главата и брадата. Да не е препознатливата тетоважа на вратот, тешко дека би го препознале.

- Оглас -

Најнови вести