Фудбалот и тенисот доминираат во понудата на Супер типот, но тоа е и очекувано ако се знае дека се играат квалификациите за Отвореното првенство на САД, како и голем број фудбалски мечеви низ целиот свет, а посебно во квалификациите од европските купови.
Тоа што е впечатливо во понудата е дека се зголемени квотите дури на 15 „кецови“, а само една „двојка“ е со зголемен коефицинет, и тоа на дуелот меѓу Копавогур и Рејкјавик. Интересно е дека сите коефициенти за „фиксови“ се движат меѓу 1.43 и 1.93. Најмалата квота е за победа на Рахимова над Хон во женските квалификации на ОП на САД, додека 1.93 е коефициентот за Риека да слави над Олимпија Љубљана во соседското дерби во квалификациите за конференциската лига на УЕФА.
На понудата од фудбалските мечеви, тука се и зголемените квоти на игрите на голови, па вам ви останува да го одберете вашиот фаворит.