Нема дилеми кој е најдобар тројкаш: Кари го надмина Реј Ален, а одигра над 500 меча помалку од него!

Победата на Голден стејт над Њујорк никс од 105-96 мина во знакот на рекордот на Стеф Кари, кој стана најдобар тројкаш во НБА на сите времиња.

Кари сега во кариерата има 2.977 тројки, четири повеќе од легендата Реј Ален, а статистиката е сурова и покажува дека нема никакви дилеми кој е подобар шутер од нив двајца. Кари го надмина Ален дури со 500 меча помалку. Да не беа повредите и двете пропуштени сезони, Кари сега можеше да има над 4.400 тројки.

Тој првата тројка ја постигна во 2009 година, а во кариерата има просек од 43,1 отсто реализација, со што е седми на сите времиња. Кари наскоро ќе стане првиот со 3.000 тројки, крајот на кариерата не му е ни блиску, па можеби неговиот број на тројки кога ќе се повлече, ќе остане вечен рекорд во НБА.

 

- Оглас -

Најнови вести