Нема дилеми, на Каталуња има само двајца кандидати за победа

Луис Хамилтон вчера испиша историја откако по јубилеен 100-ти пат се најде на пол позицијата за една трка во Ф1 шампионатот. Хамилтон „за влакно“ беше побрз од Макс Верстапен кој ќе стартува како втор. Токму овие двајца се и главни фаворити не само за победа на денешната трка, туку воопшто во трката за титулата, затоа што по досега извозените трки Хамилтон е лидер со 69 бодови, пред Верстапен со 61, а трет е Ландо Норис со 37 бодови.

Не само според досегашните извозени трки, туку и според коефициентите во Sport Life; денеска ќе има само двајца фаворити за победа. Триумф на Хамилтон е со 1.60 квота, додека шансите на Верстапен се проценуваат со коефициент 2.70. За сите останати возачи, коефициентите се многу високи, па победа на Ботас вреди 35 коефициент, а триумф на Леклер е со 40 квота.

Еве го каков е распоредот на стартот за денешната трка за големата награда на Каталуња.

 

- Оглас -

Најнови вести