Нема фудбал, но хулиганската пресметка во Белград ги размрда страстите

Поради пандемијата со крона-вирусот, фудбалот во цела Европа мирува речиси два месеци. Сепак, тоа што фудбалот мирува, не значи дека треба да мируваат и хулиганите. Денеска во Белград, во близина на стадионот на Партизан се случил тежок инцидент во кој учествувале навивачи на двата најтрофејни клуба во Србија.

Според пишувањата, во двете групи имало по 20-25 навивачи кои биле опремени со стандарните реквизити во ваков вид  тепачка, а шпекулациите велат дека фановите на Црвена ѕвезда им направиле „заседа“ на симпатизерите на Партизан.

Очевидци на настанот тврдат дека слушнале и пукање од огнено оружје, но засега нема пријавени повредени во инцидентот.

- Оглас -

Најнови вести