Нема хиерархија во женскиот тенис – 14 турнири, 14 различни победнички

Ако во машкиот тенис без многу двоумење можете да се обложите на победи на тројцата најдобри тенисери, кај жените ситуацијата е многу поразлична и од првите 50-тина на ВТА листата, секој може да победи секого, буквално.

Австралиската тенисерка Ешли Барти, викендов се закити со титула на Мастерсот во Мајами, и тоа е нејзин најголем успех во кариерата, па првпат влезе и меѓу десетте најдобри на светската ранг листа. Таа во финалето ја совлада Каролина Плишкова, и со тоа дојде до испишување на историја во женскиот тенис.

Првпат се случува во една година, на првите 14 ВТА турнири, да победат 14 различни тенисерки, и од тие 14 финалиња, дури 11 се играа во три сета. Наредниот турнир е во Мадрид од 4 до 11 мај, па може да дојде и до поставување нов рекорд, ако некоја од 14-те тенисерки не успее да освои втор пехар годинава.

Годинава турнири освоија Плишкова, Гергес, Сабаленка, Квитова, Кенин, Осака, Бертенс, Јастремска, Мертенс, Бенчиќ, Ван Ујтванк, Јафан, Андрееску и Барти.

- Оглас -

Најнови вести