Сега нема кај да бега – Бејл е стартер за Реал против Осасуна

Герет Бејл ќе игра како стартер за Реал Мадрид во Памплона против Осасуна, само три дена по скандалозното заминување од „Сантијаго Бернабеу“, со што го предизвика бесот на навивачите на кралскиот клуб.

Зинедин Зидан се одлучи да ризикува и денеска од 16 часот во Памплона Велшанецот ќе почне од првата минута во составот на гостите.

Бејл во четвртокот си замина предвреме од „Сантијаго Бернабеу“ и тоа при негатива на Реал Мадрид од 1:4 против Реал Сосиедад во шпанскиот куп, а камерите го фатија моментот што дополнително ги изнервира навивачите.

Велшкиот репрезентативец и претходно имаше вакви чудни потези, а симпатизерите на Реал веќе подолг период бараат клубот конечно да го продаде, но Зидан денеска немаше слух за нивните барања и го вклучи во стартниот состав за мечот со Осасуна.

Дуелот ќе се игра од 16 часот на „Ел Садар’ во Памплона.

- Оглас -

Најнови вести