Нема крај на агонијата на пандевци, Велковски ги донесе бодовите за Работнички

Работнички со минимални 1-0 триумфираше против Академија Пандев на стартот од 22-то коло во Првата лига на Македонија. За пандевци продолжува агонијата без победа во шампионатот од октомври минатата година, веќе 11-ти меч тимот од Струмица не може да дојде до победа, ниту новиот тренер Таневски засега не успева да ги смени работите.

Единствениот погодок на средбата го постигна Велковски во 56-тата минута, благодарение на него Романтичарите ја остварија седмата овосезонска победа по која имаат 25 бода. Сепак, скопскиот состав останува на осмото место на табелата, додека Академија Пандев ќе остане на 28 бода и петтото место.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести