Нема крај на кризата во Милан: Лацио со гол во 98-мата минута до цел плен на „Сан Сиро“ (Видео)

Резултатската криза во екипата на Милан како да нема крај, откако Лацио со победа од 1-2 и целиот плен си замина од „Сан Сиро“. Сепак, домашните беа блиску да останат непоразени, во Педро од пенал во 98-мата минута ја донесе победата за екипата од Рим.

Лацио дојде во водство преку Матиа Закањи во 28-мата минута, а во 67-мата минута Страхиња Павловиќ беше исклучен, па Милан остана со фудбалер помалку на теренот. Сепак, домашните беа блиску да се спасат од пораз, со оглед на тоа дека Самуел Чуквуезе во 86-тата минута постигна гол за израмнување на 1-1, што на крајот се покажа како недоволно и да се спасат од пораз.

За Милан ова е трет првенствен пораз по ред, па во моментов се наоѓаат на деветтата позиција на табелата во Серија А со 41 бод, додека Лацио сега со 50 бода дојде до четврттото место.

- Оглас -

Најнови вести