Нема крај на лошите вести за мадриѓани: Винисиус го чека долга пауза

Реал Мадрид денеска доби уште една лоша вест. Новата надеж на Кралскиот клуб, Винисиус Јуниор, ќе мора да паузира во следните два месецa. Играчот на Реал се повреди на синоќешниот дуел против Ајакс и мораше да биде заменет во 35-тата минута, а Бразилецот со солзи во очите го напушти теренот.

По направените лекарски прегледи, денеска дојде официјална информација дека фудбалерот кој беше еден од најактивните на теренот има скинати лигаменти на коленото и ќе мора да паузира два месеца. Тоа впрочем значи дека Винисиус ќе биде надвор од теренот безмалку до крајот на сезоната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести