Нема крај на маките на Барселона – Големото засилување „виси“ за премиерата против Реал Сосиедад

Настапот на Мемфис Депај за Барселона на премиерата од новата сезона во Ла Лига е неизвесен, па можно е Холанѓанецот да не игра на „Камп Ноу“ во недела против Реал Сосиедад.

Според договорот што го потпиша ова лето со Барселона, Депај има преголеми бонуси и додатоци на платата, што е недозволено со оглед на финансиската состојба на шпанскиот гигант, па во последен час ќе се пеглаат разликите.

Сега се зависи од раководството на Ла Лига, дали ќе и прогледа низ прсти на Барселона, за да може Депај да игра против Реал Сосиедад.

Барселона е во огромен минус и мора да продава играчи, откако не успеа акцијата за намалување на платите на играчите. На списокот има премногу фудбалери што го оптоваруваат буџетот на клубот, а дел од нив не сакаат да си заминат.

На пријателскиот дуел против Јувентус што Барселона го доби со 3:0 навивачите постојано ги исвиркуваа Умтити, Пјаниќ и уште неколку играчи со огромни примања што потфрлија и не ги исполнија очекувањата во клубот и ги сметаат за виновници за заминувањето на Лионел Меси во ПСЖ, по 21 година проведени во Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести