Нема крај на маките на легендарниот клуб – Испаднаа во Втора лига, сега им упадна полиција

Нема крај на маките на Сент Етјен, клубот кој заедно со Пари Сен Жермен и Марсеј е рекордер во Франција по бројот на титули, а сите имаат по 10.

Легендарниот клуб испадна во Втората лига по катастрофалната сезона што заврши со пораз од Оксер на пенали во финалниот бараж-систем за последното место во Лига 1.

Денеска во канцелариите на Сент Етјен упадна финансиска полиција поради сомнение дека имало нелегални трансфери, а биле привилегирани тројца менаџери на фудбалери што застапуваат дел од играчите на клубот.

Тоа му се случи и на Анже, а има сомнеж дека на агентите на играчите им биле давани поголеми провизии од наведените во документите за реализираните трансфери.

Што е уште полошо и може да биде опасно за клубот, дел од фудбалските агенти немале валидни лиценци, како што е наведено во правилата на ФИФА и УЕФА, туку работеле на диво.

Уште поголеми проблеми има Бордо, а објавено е дека шесткратниот првак на Франција е преселн во Третата лига поради финансиски малверзации тешки 40 милони евра.

Жирондинците, кои исто како и Сент Етјен испаднаа од Првата лига, имаат можност за жалба за да се спречи вистинска катастрофа на клубот за којшто играа легендарни фудбалери од калибарот на Зидан, Лизаразу, Жирес, Тигана…

- Оглас -

Најнови вести