Нема крај на малерите: Се повреди четврти играч од одбраната на Ливерпул

Стоперот на англиската репрезентација и член на Ливерпул, Џо Гомес, се повреди на последниот тренинг на националната селекција и веќе е надвор од комбинација кај Гордиот Албион за следните три меча кои ќе ги игра во следните неколку дена.

Англија утре ќе игра пријателски дуел проти Република Ирска, а потоа ја очекуваат два меча од Лигата на нациите против Белгија и Исланд.

Гомес е шестиот фудбалер на листата на Ливерпул, а дури четврти од одбранбената линија. Тренерот на англискиот првак, Јирген Клоп, неодамна ја критикуваше одлуката на англиската лига да има само три измени во текот на еден меч, а не да останат петте замени како што го направија тоа во Италија, Шпанија, Германија…

 

- Оглас -

Најнови вести