Нема крај на откажувањата: САД остана и без Лаури

Селекторот на САД, Грег Попович, наиде на нов проблем во пресрет на Мундобаскетот кој ќе се одржи во Кина. Американските медиуми потврдија лоша вест, Кајл Лаури го откажа својот настап поради ненавремено закрепнување од операцијата на палецот.

Плејмејкерот на Торонто репторс е следниот од низата НБА-ѕвезди кои му откажаа на Попович поради различни проблеми, така што актуелниот светски првак во ростерот има само еден Олстар-играч, тоа е Кемба Вокер од Бостон селтикс. Лаури цело лето го мина во рехабилитација и правеше напори да биде подготвен за настап на светскиот кошаркарски собир, но последните медицински прегледи потврдија дека тој е далеку од враќање на терените.

Лаури се огласи преку социјалните мрежи околу своето откажување од националниот состав. На Попович претходно му откажаа ѕвезди како: Леброн Џејмс, Ентони Дејвис, Џејмс Харден, Стеф Кари, Клеј Томпсон, Демиен Лилард и многу други.

https://www.instagram.com/p/B1FDGoOlBBz/?utm_source=ig_embed

- Оглас -

Најнови вести