Нема криза за сопственикот на Клиперс: Купува арена за франшизата

Додека речиси цел свет е во застој како резултат на пандемијата со Коронавирусот, за сопственикот на ЛА клиперс се чини дека кризата не постои. Американскиот бизнисмен Стив Болмер прекинот на сезоната во НБА-лигата го искористи да купи арена за кошаркарската франшиза со цел да се одвојат од градскиот ривал ЛА лејкерс.

Имено, Болмер инвестира 400 милиони долари во арената „Форум“, која се наоѓа во Инглвуд, место во јужнозападниот дел од Лос Анџелес. Болмер ја откупи арената од компанијата „Медисон Сквер Гарден“, под чија сопственост е култната арена во Њујорк која го носи истото име.

На овој начин Клиперси сакаат да обезбедат посебна фан-база и на еден начин да му парираат на големиот ривал и вториот најтрофеен кошаркарски колектив во САД. Арената „Форум“ има капацитет од 18.000 седишта, а во иднина ќе се користи за многу други забавни манифестации.

- Оглас -

Најнови вести