Нема лесна прошетка за Баерн на Борусија Парк

Борусија Парк е многу тежок терен за прошетка на гостинските екипи, а и денеска очекувам шампионот Баерн да биде на големи искушенија во Менхенгладбах. Борусија игра одлично на свој терен и може да го изненади фаворитот, вели Александар Васоски во најавата на новиот бундеслигашки тикет со пет предлог типови за 24. коло.

Еве ги петте предлог типови на тренерот на Вардар и поранешен играч на Ајнтрахт Франкфурт:

 

Ајнтрахт Франкфурт – Хофенхајм (Сабота, 15.30 часот)

Двете екипи играат многу офанзивно, така е цела сезона и нема да го менуваат стилот на игра, па верувам дека и денеска ќе одиграат ефикасен меч.

Тешко е да се прогнозира исходот, Ајнтрахт ми е фаворит, но Хофенхајм е непредвидлива екипа и тука ќе типувам на голови. Верувам дека ќе има барем по еден гол на двете страни, со најмалку три погодоци на мечот, а за похрабрите би рекол дека ќе биде и ГГ&4+.

Предлог тип: ГГ&3+ (1.44)

 

Херта – Мајнц (Сабота, 15.30 часот)

Тука немам дилеми, бидејќи Херта игра добро на домашен терен и е поквалитетна екипа од Мајнц. Лани гостите изненадија и ги однесоа бодовите од „Олимпискиот стадион“ со триумф од 2:0, па сега очекувам Херта да се реваншира.

И двете екипи имаат проблем со повредени играчи, но Херта има поголем избор на квалитетни фудбалери и ќе типувам дека ќе го победи Мајнц.

Предлог тип: 1 (2.06) Супер тип на Sport Life

 

Баер Леверкузен – Фрајбург (Сабота, 15.30 часот)

Последните два меѓусебни дуели завршија без голови, но сега ситуацијата е малку поинаква и очекувам комплетна офанзива на Баер. Тимот од Леверкузен има шанси со добар финиш да стаса и до позиција која води во Лигата на шампионите, па денеска победата им е императив.

Фрајбург не игра добро на гости и тоа им е голем проблем не само оваа сезона. Сепак имаат добра залиха на бодови во однос на екипите што се борат за опстанок, па можат да играат без притисок и да постигнат барем еден гол.

Предлог тип: Т12+ & ГГ (2.07)

 

Шалке 04 – Фортуна Диселдорф (Сабота, 15.30 часот)

Единствената победа на Шалке 04 на последните 7 натпревари им е токму против Фортуна Диселдорф. Ги победија во осминафиналето на германскиот куп пред еден месец со 4:1 и очекувам и денеска да бидат подобри и да освојат бодови што можат да значат спас.

Тимот од Гелзенкирхен е разочарување на сезоната во Бундеслигата, имаат само 23 бода и се борат за опстанок, а Фортуна пријатно ме изненади. Играат одлично во овој период од сезоната и со 12 бодови предност пред Штутгарт имаат реални шанси да бидат дел од германската елита и идната сезона.

Според многу прогнози Фортуна беше главен кандидат за испаѓање, но со игрите покажа дека заслужува бундеслигашки статус. Сепак денеска очекувам да загубат во соседското дерби и Шалке 04 да ги освои бодовите.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

Борусија Менхенгладбах – Баерн Минхен (Сабота, 18.30 часот)

Лошите настапи на Борусија Дортмунд му го трасираат патот на Баерн кон нова титула. Но, денеска шампионот ќе биде на големо искушение против втората Борусија.

Тимот од Менхенгладбах загуби два меча по ред на „Борусија Парк“, откако имаше брилијантна серија од 9 победи. Очекувам вистинско дерби со Баерн и најмалку два гола во мрежата на Мануел Нојер.

Борусија знае да одигра добро против Баерн, особено на домашен терен, а гостите иако бијат битка за шампионската титула пред себе го имаат и реваншот со Ливерпул од осминафиналето во Лигата на шампионите.

Предлог тип: Т1 2+ (3.10)

 

- Оглас -

Најнови вести