Нема непоразени во Евролигата, Барса редовно губи во Тел Авив, потегот на вечерта го има Слукас (Видео)

Евролигата вечерва донесе интересни мечеви и резултати. Барселона го претрпе првиот пораз, Црвена ѕвезда прват загуби на гостување во Милано, Баерн го доби германското дерби против Алба во Берлин со 82-69, а Олимпијакос го победи Фенербахче со 67-65, со кош на Костас Слукас (ексчлен на Фенер) на 2 секунди до крајот.

Барселона има серија од четири порази по ред во дуелите со Макаби, а во Тел Авив, Каталонците пет години не знаат за триумф. Вечерва Барса беше поизразена со убедливи 85-68. Убедливи беа и Манекените, кои ја надиграа Ѕвезда со 79-62 и конечно првпат славеа дома против српскиот тим по четири порази.

Сега во Евролигата веќе нема непоразени тимови сезонава. Ова е потегот на вечерта, во изведба на Слукас:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести