Нема ни милион по гол – Вториот стрелец во Бундеслигата за 23 милиони евра се сели од Ајнтрахт во Лајпциг

Лајпциг направи одлична работа и веќе го договори трансферот на Андре Силва од Ајнтрахт Франкфурт за отштета од 23 милиони евра, плус одредени бонуси.

Таа сума не е преголема за одличниот 25-годишен напаѓач на Ајнтрахт, кој постигна 28 гола на 32 меча за популарните Орли во минатата сезона.

Со таков ефект успеа да биде втор стрелец во Бундеслигата, зад Роберт Левандовски, кој даде 41 гол. Силва играше за Португалија на Европското првенство, но имаше мала минутажа од неполни 40 минути на три меча откако со Франција остана на клупата.

Португалците испаднаа во осминафиналето од Белгија, па сега Силва ќе има време за да одмори пред преселбата во Лајпциг, клубот со којшто ќе игра во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести