Нема одложување на Суперкупот и по барањето на Де Лаурентис

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, имал неуспешен обид да го одложи дуелот против Јувентус во италијанскиот Суперкуп, кој треба да се одржи на 20 јануари.

Сепак, мечот на престижниот трофеј останува да се одигра според закажаниот термин, двете екипи за девет дена ќе се појават на стадионот „Мапеј“ во Сасуоло.

Како главни причини за средбата да се одложи, Де Лаурентис ги посочи густиот распоред, но и фактот што актуелниот шампион и освојувачот на Купот во Италија ќе треба да играат пред празни трибини.

Во меѓувреме, во редовите на Наполи се појави нов проблем во пресрет на клучната пресметка против Јувентус. Напаѓачот Виктор Осимен повторно е позитивен на корона-вирусот, по што ќе мора да оди во самоизолација.

Големото засилување на Наполитанците повеќе од два месеци е надвор од составот, по вторпат ќе мора да паузира поради корона-вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести