Нема поатрактивен погодок постигнат на голман од неверојатни 75 метри далечина (Видео)

Резервниот тим на Бенфика со 2:1 го победи тимот на Трофенсе во меч од втората португалска лига, а главна ѕвезда на дуелот беше голманот на домаќините. Трофенсе на полувремето водеше со 1:0, а погодокот за израмнување на Бенфика го постигна голманот Самуел Соарес во 66-тата минута.

Соарес даде неверојатен погодок од 75 метри. Голманот ја изнесе топката надвор од својот шеснаесетник и реши силно да ја шутне. Противничкиот чувар на мрежата не беше ниту излезен далеку од својот гол, но сепак не успеа да го сопре овој супер шут на неговиот когела од спротивната страна.

Топката леташе 80-тина метри и удри директно во пречката, а потоа со одби во нозете на голманот на Трофенсе и заврши во голот. Со овој погодок Бенфика израмни на 1:1, а потоа домаќините дадоа и втор погодок и стигнаа до трите бода.

- Оглас -

Најнови вести