Нема побизарен крај на еден меч: По тепачката на играчите со публиката, домаќините се бранеа од корнер што немаше кој да го изведе (Видео)

Ница и Олимпик Марсеј синоќа не го доиграа мечот од третото коло во француското првенство откако се случи хаос на теренот. На 15 минути пред крајот, домашните навивачи со пластични шишиња фрлија кој противничкиот играч Димитриј Паје, а овој не им остана должен и врати со иста мерка.

Тоа беше причина за навивачите на Ница да збеснат, голем дел од нив скокнаа од трибините и се најдоа на теренот за физички да се пресметаат со фудбалерите на Олимпик Марсеј. Судијата веднаш го прекина мечот, а сите фудбалери влегоа во соблекувалните.

По повеќе од еден час прекин, беше одлучено мечот да продолжи, но со тоа не се согласија гостите. Тие се пожалија дека биле нападнати, дека дел од фудбалерите заработиле и повреди и дека не може да ги доиграат последните 15-тина минути.

Играчите на Ница се вратија на теренот, судијата даде знак играта да продолжи од таму каде што застана, а тоа беше корнер за Олимпик Марсеј. Фудбалерите на Ница беа во својот шеснаесетник да се бранат од корнерот, но гостинските фудбалери воопшто ги немаше на теренот. Едноставно, домаќините се бранеа од виртуелен противник. Откако судијата виде дека едниот тим не е на теренот, означи крај на мечот.

- Оглас -

Најнови вести