Нема почуден слободен удар од ова: Само голманот е во напад (Видео)

Во фудбалот се видени најразлични тактики за акции како да се постигне погодок, но „изумот“ што беше претставен во втората руска лига досега е невиден. Екипата на Аланија Владикавказ го привлече фокусот благодарение на нивниот начин на изведување слободен удар.

На последниот меч што го одиграа играчите изведоа еден комичен слободен удар, но малку фалеше да заврши со погодок. Речиси сите фудбалери се наредија да шутираат, а само нивниот голман беше во противничкиот шеснаесетник.

 

 

- Оглас -

Најнови вести