Нема поделби во националниот тим, тимскиот дух на високо ниво

Македонската репрезентација се подготвува за последните два натпревари од Лигата на нациите против Лихтенштајн (16-ти ноември, Вадуц) и Гибралтар (19-ти ноември, Скопје), а тимскиот дух е на највисоко ниво, заедништвото е големо, со цел победи на двата претстојни меча и пласман во плејофот за влез на ЕП 2020.

Подготовките се одвиваат во швајцарското место Фусисберг, каде што ќе одработат три тренинзи пред утрешното заминување во главниот град на Лихтенштајн. Попладнево тимот е комплетен со доаѓањето на капитенот Горан Пандев.

Елиф Елмаз (нема право на настап со Лихтенштајн) поради болка во грбот и голманот Дени Илиев поради болка во рамото тренираат со помал интензитет.

„Фокусирани сме на дуелот со Лихтенштајн. Очекуваме да го потврдиме првото место во групата со наша добра игра и освојување на трите бода. Мислам дека сме во добра форма и очекувам подобро издание на Македонија во однос на претходниот месец. Со две победи, ние сме први во групата и во тоа треба да веруваме. Секако, овој дуел ќе биде сосема различен од меѓусебната пресметка во Скопје. Мора да ја преземеме иницијативата и поседот на топката, но исто така да бидеме внимателни“, изјави Бобан Николов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести