Нема подобро од Евролигата – Се редат трилери, Херисон со тројка во последна секунда му донесе победа на Олимпијакос (Видео)

Арон Херисон е јунакот на Олимпијакос, а низата од неверојатни мечеви во Евролигата денеска продолѓи и во Пиреа. Со тројката на Американецот во последната секунда грчкиот првак го победи Макаби Тел Авив со 85:82.

Херисон шутираше во последен момент од тешка позиција, но успеа да погоди за луда радост на домашниот тим.

Мечот имаше неколку пресврти, а среќата беше на страната на Олимпијакос, кој успеа да стаса до третата победа во четвртото коло во Евролигата.

Херисон постигна 12 поени, а со три повеќе најефикасен кај домаќините беше Мартин. Кај Макаби и на мечот најефикасен беше Скоти Вилбекин со 18 поени.

Претходно двата германски клубови, Алба и Баерн приредија првокласни сензации со победи во Москва против ЦСКА, односно со триумф во Истанбул против Фенербахче.

Најпрво падна 8-кратниот европски првак ЦСКА, за првпат по 20 години во дуелите со Алба, а потоа невиден пресврт приреди Баерн кај Фенербахче.

Баварците имаа 20 поени негатива по првото полувреме и потоа приредија невиден пресврт за победа од 75:71.

- Оглас -

Најнови вести