Голем малер е, но и неверојатен борец – Популарниот Балон има 21 година и мина четири операции

Младиот напаѓач на Динамо Букурешт, Роберт Молдовеану е еден од најмалерозните фудбалери на планетата и веќе мина четири операции, а има само 21 година.

Вчера успешно ја мина опрецијата на десната нога, откако претходно дури трипати го оперираше коленото. Оваа повреда е полесна и бара покуса рехабилитација, но популарниот Балон како што го нарекуваат во Романија вели дека му е доста од проблеми и дека ќе се врати посилен.

„Минав многу потешки периоди, па ова ми доаѓа како мал одмор. Ќе се вратам посилен и се надевам на подолг период без повреди“, вели 99-та на Динамо Букурешт.

Молдовеану ги мина сите младински селекции на Романија и го сметаат за многу талентиран шпиц, кој може да игра и за сениорската селекција, ако ги избегне огромните проблеми со повредите кои го мачат постојано.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести