Нема појако – А-ба-ба, арапскиот коментатор збесна за голот на Елмас (Видео)

Елиф Елмас со гол во петтата минута го реши големото дерби во 18-тото коло во Серија А и со неговиот прекрасен и прецизен удар со глава, Наполи го победи Милан со 1:0 на „Сан Сиро“.

Елмас беше надмоќен во скокот и го матираше Мањан, а Наполи освои значајни бодови во битката за титулата.

За Елиф ова е втор гол во Серија А за Наполи оваа сезона и вкупно шести, сметајќи ги и погодоците во Лигата на Европа.

Голот на македонскиот репрезентативец беше прекрасен, а изгледа уште поубаво со коментар на арапски.

https://twitter.com/Gol12Futbol/status/1472662311714361344?s=20

Френк Кеси постигна израмнувачки гол во 91-вата минута, но беше поништен поради офсајд.

Наполи сега е втор со 39 бода, колку што зад него има и Милан, а лидер е Интер со 43 бода.

- Оглас -

Најнови вести