Нема попуст ни за легендата – Со песна Буфон го прослави камбекот во Јувентус (Видео)

Нема попуст ни за легенда каква што е Џиџи Буфон, па и голманот на италијанската репрезентација мораше со песна да го означи камбекот во Јувентус.

Традиција е кај Старата дама новите играчи, но и повратниците во клубот да ги покажат своите пеачки квалитети и Буфон се одлучи за вечниот хит „Nel blu Dipinto Di Blu“, или попозната како „Volare“, а со изведбата ги принуди соиграчите да запеат со него.

Претходно, на вечерата со соиграчите своја музичка изведба имаше и Матајс де Лихт, најголемото засилување на италијанскиот првак.

 

- Оглас -

Најнови вести