Нема посреќен човек од него: Дефо на 38 години дочека да е шампион

Глазгов ренџерс по една деценија пауза ја освои титулата во шкотската Премиер лига, што за гигантот кој го предводи Стивен Џерард е рекордна 55-та титула во историјата. Ренџерите вчера ја заверија титулата на шест кола до крајот на шампионатот со убедливата победа на Сент Мирен, по што денес се славеше во клупскиот тренинг-центар.

Најсреќен од сите играчи дефинитивно е Џермејн Дефо, кој на 38 години во својата 20-та сезона како активен фудбалер ја освои првата лигашка титула во кариерата.

„Целиост свој живот и кариерата ги посветив на овој момент, да бидам шампион барем еднаш. Верував во себе дека во еден момент од кариерата ќе стигнам до вакво остварување и тоа ми беше главниот извор на енергија да продолжам да играм. Луѓето ме прашуваа од каде црпам мотивација, па ова е одговорот“, истакна пресреќниот Дефо.

Во долгогодишната кариера, ветеранот главно настапуваше во родната земја, во дресовите на Тотенхем, Портсмут, Сандерленд и Борнмут, имаше епизода и во Торонто во МЛС-лигата, а од 2019 е член на шкотскиот гигант и новиот шампион.

- Оглас -

Најнови вести