Божикната програма во НБА-лига е атрактивна, љубителите на кошарката ќе уживаат во неколку интересни мечеви, на кои ќе настапат најголемите ѕвезди.
Првиот меч е од 18 часот по македонско време, па и кај нас ќе може да се гледа пренос од дуел на кој ќе играат Јанис Адетокумбо и Демиен Лилард од Милвоки, без да се заглавува до раните утрински часови. Во „нормално“ време е и дербито на Западот помеѓу првакот Денвер на Никола Јокиќ и Голден стејт предводен од Стеф Кари.
Во 23 часот ќе почне најголемото дерби во НБА, вистинска класика помеѓу клубовите со најмногу титули, ЛА лејкерс и Бостон.
По полноќ се играат два меча, а и таму ќе се појават многу големи ѕвезди. Ако се мислите што да одиграте, тука е понудата на Sport Life и на индивидуалци. На пример: Адетокумбо има низа од три меча по ред на кои дава барем 30 поени, Јокиќ на половината мечеви сезонава даде 25 или повеќе поени, а Кари и Лука Дончиќ на над 80 отсто од мечевите даваат над 20 поени.
Филаделфија е еден од најефикасните тимови во лигата, но вечерва ќе го нема Џоел Ембид, кој речиси редовно дава голем број поени.