Нема шега: Конте во Интер ја сака ѕвездата на Реал

Антонио Конте започнува со формирање тим за следната сезона со кој Интер треба да биде конкурентен на Јувентус во трката за титулата. На искусниот стратег на листата на желби му се Един Џеко, Ромелу Лукаку, Алваро Мората, а сега се додаде и името на Герет Бејл.

Ѕвездата на Реал Мадрид,веќе подолго време е во лош однос со чениците на Кралскиот клуб, а тренерот Зинедин Зидан тешко дека ќе сака да го задржи на „Сантијаго Бернабеу“. Конте дури имал разговори со првите луѓе на Интер и посочил дека Бејл е играч кој ќе му треба во составот.

- Оглас -

Најнови вести